а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

алиби

мн. алибија
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 12190
1. Доказ дека обвинетиот во мигот на извршувањето на делото бил на друго место, а не на она каде што е извршено кривичното дело.
Англиски: alibi Албански: alibi
Употреба: Правда
Примери:
Во времето кога сето тоа се случило сопругата на умрениот била кај својата мајка, така што обете имаат алиби.
2. Изговор, оправдување за неуспешен потфат или постапка.
Англиски: excuse Албански: justifikim
Употреба: Преносно значење