аниматор
мн. аниматори
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 41659
1.
Цртач, уметник што изработува цртани филмови.
Примери:
Волт Дизни беше врвниот аниматор во 20-тиот век.
2.
Двигател, поттикнувач на некаква дејност.
Примери:
Тој стана аниматор на културно-забавниот живот во селото.
Музичарите се аниматори на нашата култура.
Изведенки
аниматорка ж.
мн. аниматорки
мн. аниматорки