армија
мн. армии
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2060
1.
Целокупна воена сила на една држава.
Примери:
Армијата на Република Македонија
Слично со:
војска (ж.)
2.
Воена единица составена од различни родови (корпуси, дивизии, бригади).
Примери:
Првата и втората армија беа распоредени на позициите.