атом
мн. атоми
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 6772
1.
Најмал дел од еден елемент што го задржува неговиот хемиски идентитет, составен од јадро и од електрони.
Примери:
Атомот го држат кохезиски сили.
Молекулата е составена од атоми.
2.
Многу мал дел од нешто.
Примери:
Роза немаше ниту еден атом слобода во своите навики.
Ја љубеше со последниот атом на чистата љубов.