афект
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 12207
Возбуда, вознемиреност, силно емоционално чувство манифестирано како несвесна активност и како ненормална психолошка состојба.
Примери:
Таа во афект не знае што зборува.
Писмото го напиша во афект, но не го испрати.
Можеш во афект да сториш страшни злосторства, неконтролирањето при афектот е страшна работа.