а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

афирмација

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 11142
1. потврда, поткрепа
Англиски: affirmation Албански: afirmim
Примери:
Крсте Петков Мисирков е голем борец за афирмацијата на македонскиот народ и на неговиот јазик.
2. Успех или истакнување пред јавноста или пред другите.
Англиски: success Албански: afirmim, sukses
Примери:
Тој постигна голема општествена афирмација.