близнак
мн. близнаци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 5351
1.
Машко дете од (обично) две деца родени при едно породување.
Примери:
Близнак за близнак умира.
Роди близнаци по вторпат.
Две деца близнаци, брат и сестра.
количка за близнаци
2.
Човек или животно со голема сличност.
Примери:
Како близнаци да беа.
Главите на моите сиви близнаци низ јаремот.
3.
(само мн.) Зодијачко соѕвездие; зодијачки знак од 21 мај до 21 јуни.
Вид: соѕвездие (ср.)
Изрази
Сијамски близнаци - близнаци сраснати со одреден дел од телото.
Изведенки
1.
близначе ср.
мн. близначиња
дем. и хип.
мн. близначиња
дем. и хип.
2.
близначки прид.
близначкиот
Пример: близначко кивање
близначкиот
Пример: близначко кивање