а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

бранува

(се) брануваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 7043
1. Предизвикува бранови на голема водна површина.
Англиски: wave Албански: valvitë
Примери:
Југот го брануваше езерото.
2. За жита и слични растенија - движи како во бранови.
Англиски: wave Албански: valvitë
Примери:
Ветерот ги брануваше зрелите жита.
3. (се бранува) Се движи во бранови.
Англиски: wave Албански: valëvitet
Примери:
Кога дува југот, езерото се бранува.
4. (се бранува) Се движи како во бранови.
Англиски: wave Албански: valëvitet
Примери:
По долинките се бранува јачмен и ’рж.
Изведенки
бранување ср.
глаг. им.