а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

брег

мн. брегови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 526
1. Гранична линија меѓу копно и вода; земјата во појасот покрај река, езеро или море.
Англиски: shore Албански: breg
Употреба: Географија
Примери:
Езерото лесно го заплиснува песочниот брег.
Овој мост спои два брега.
2. помал рид
Англиски: hill Албански: breg, kodër
Употреба: Географија
Примери:
Овците исчезнаа зад бреговите.
Изрази
Го префрла од рид на брег - го лаже, го мами.
Изведенки
1. бреже ср.
мн. брежиња
2. брекче ср.
мн. брекчиња
дем.