ваш
ваши
Вид збор: Придавка
Ранг: 235
1.
(зам. прид.) Заменска придавка со посвојно значење - што ви припаѓа вам.
Англиски:
yours
Вашата куќа е понова од нашата.
Спротивно од:
наш (прид.)
2.
(зам. прид.) Што ви е познат, близок.
Англиски:
your
вашиот пријател
вашиот учител
Слично со:
близок (прид.)
3.
(зам. прид.) Што ви е близок по роднинска линија.
Како се вашите?
Вашите се вратиле дома.
4.
(зам. прид.) Што е во некој однос поврзан со вас.
ваша партија
ваша улица
ваша црква
ваше село
ваша држава
5.
(зам. прид.) Од почит - Ваш (во обраќање кон едно лице) наместо твој.
Англиски:
Your
Во Ваше време - кога бевте (кога сте биле) Вие млад, активен, на власт, на одредена должност.
6.
Кон титулата при обраќање кон високопочитувана личност.
Англиски:
Your
Ваше Величество
Ваше преосвештенство