а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

вгради

вградат; вградил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 11432
1. Постави трајно, вклопи на соодветно место дел од мебел, елемент од конструкција и сл.
Англиски: install Албански: instaloj, vëndoj
Примери:
Вградил компјутер во автомобилот.
2. Употреби, вѕида како градежен материјал при градба.
Англиски: build in Албански: instaloj, ndërtoj
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Во ѕидовите на новата куќа вградија систем за вода и топлина.
3. Внесе, вклучи нешто во составот, во содржината на текст и др.
Англиски: insert Албански: fut, shtie
Употреба: Преносно значење
Примери:
Добрите решенија треба да ги вградат во новиот закон.
4. (се вгради) Остави белег, траг од својата личност, творечка дејност во нешто.
Англиски: bring in Албански: inkorporoj
Примери:
Тие се вградиле себеси во ризницата на европската култура.
Изведенки
1. вградува несв.
(се) вградуваат
2. вградување ср.
глаг. им.