а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

вдовица

мн. вдовици
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2891
Жена што по смртта на сопругот не се премажила.
Англиски: widow
Примери:
Ретко ја посетуваше таа вдовица што живееше на крајот од градот.
Изрази
Бела вдовица - жена чиј маж е отсутен подолго време.
Изведенки
1. вдовичица ж.
мн. вдовичици
дем.
2. вдовичка ж.
мн. вдовички
дем.
3. вдовички прид.
вдовичкиот
4. вдовичин прид.
вдовичиниот
Пример: вдовичин син