ведар
ведриот
Вид збор: Придавка
Ранг: 3878
1.
Што е јасен, без облаци.
Англиски:
clear
Ноќта беше ведра, полна со месечина.
Ведро небо, ведра ноќ, ведар ден.
2.
Јасен, спокоен, со живи светли бои.
Примери:
Се загледа во него со своите ведри очички.
Ведра мисла, ведар дух, ведро расположение, ведри бои.
Изрази
Како гром од ведро небо - одненадеж, неочекувано.
Со ведро чело - смело, гордо.
Под ведро небо - на отворено, во природа, без покрив над главата.