визија
мн. визии
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2199
1.
Халуцинација на сетилото за вид која ја сметаме за вистинито, без потпора во реалниот свет.
Англиски:
apparition
Албански:
vizion
Посегна кон снежната визија пред него, кон ликот на девојката што ја сакаше.
2.
Гледање во иднината.
Примери:
Пророчките визии стануваа се почести и пореални.
3.
Претстава за нешто што се очекува, се предвидува, се пожелува.
Примери:
Тој има јасна визија за својата иднина.