владее
владеат; владеј, владејте; владеев, владееја; владеел; владеен; владеејќи; владеав, владеаја; владеал; владеан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1981
1.
Држи под своја власт.
Примери:
Неколку века овде владееле туѓинци.
2.
Управува некого или нешто.
Англиски:
rule
Албански:
sundoj, qeveris
Ја владее државата.
Сака да го владее сиот имот.
3.
Ракува со алат, се служи со средство, знае.
Примери:
Секој добар мајстор владее сигурно со својот алат.
Слично со:
познава (несв.)
4.
Има вештина, занает.
Примери:
Момата го владееше мајсторството на ситниот вез.
5.
Зборува јазик, знае (правопис, речник).
Англиски:
speak
Албански:
zotëroj, flas
Секој наш студент владее барем еден странски јазик.
Слично со:
збори (несв.)
6.
Царува, е доминантен.
Англиски:
reign
Албански:
mbretëron, sundon
Владее празнична атмосфера.
Над полето владее мир.
Слично со:
доминира (св. и несв.)
7.
Се шири, е раширен, присутен, царува.
Примери:
Чуден немир владее со мене.
Владее хаос.
Владее заразна болест.
Слично со:
царува (несв.)
8.
(се владее) се држи, се однесува
Примери:
Тој се владее спрема правилата на групата.
Слично со:
однесува (несв.)