а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

воведе

воведат; воведи,воведете; воведов, воведоа; вовел; воведев, воведеа; воведел; воведен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1688
1. Внесе некого некаде со водење, со придружување.
Англиски: admit Албански: fus, shpie
Примери:
Го воведоа во една сала.
Ги воведе во поповата визба.
Ги воведоа коњите на хиподромот.
2. Вклучи, прими некого во определена група, средина и сл.
Англиски: include Албански: fus, pranoj
Примери:
Реши да го воведе во нејзината дружина.
3. Наведе некого на нешто, доведе до некаква состојба.
Англиски: persuade Албански: shpie
Примери:
Ѓаволот ги воведе во искушение и грев.
Тие настани го воведоа во заблуда и општественото мислење.
Често знаеше да ме воведе во спорови.
4. Упати, запознае со нешто.
Англиски: introduce Албански: fus, udhëzoj
Примери:
Го воведе во работата.
Го вовел во тајните на занаетот.
Ќе ве воведам во светот на бајките.
5. Воспостави, заведе некаква состојба.
Англиски: introduce Албански: fus
Примери:
Воведе ред.
Воведе мир.
Воведе правила за однесување.
6. Внесе во документ, во програма и сл.
Англиски: introduce Албански: fus
Примери:
Воведе податок.
Воведе нов предмет во наставата.
7. Подготви преѓа за ткаење на разбој со воведување на основата во разбојот.
Албански: fus, vë
Примери:
Едни продавалки доткај, други воведи.
Изведенки
1. воведува несв.
воведуваат
2. воведување ср.
глаг. им.