воздржи
(се) воздржат; воздржи, воздржете; воздржав, воздржа, воздржаа; воздржал; воздржан; воздржев, воздржеа; воздржел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5123
1.
Се совлада во изразување на своите чувстава и мисли.
Примери:
Се воздржав да не викнам.
Одвај се воздржал да не се насмее.
Се воздржуваше од зборување.
Слично со:
совлада (св.)
2.
Се откаже од некоја навика, од некоја постапка.
Англиски:
retract
Албански:
tërheq, mohoj
Се воздржал од пиењето.
Не можеле да се воздржат од тутунот.
Слично со:
откаже (св.)
3.
Не се определи, не се искаже, не даде свое мислење.
Примери:
Ќе се воздржиме од навлегување во поподробно испитување.
Неколку пратеници се воздржаа од гласање.
Изведенки
1.
воздржува несв.
(се) воздржуваат
(се) воздржуваат
2.
воздржување ср.
мн. воздржувања
глаг. им.
Пример: Беше познат по своите воздржувања од јавни настапи.
мн. воздржувања
глаг. им.
Пример: Беше познат по своите воздржувања од јавни настапи.