воздух
(едн.) воздухот
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 445
1.
Невидлива смеса од гасови, главно азот и кислород, што ја сочинува Земјината атмосфера и што ја вдишуваат живите организми.
Примери:
Длабоко го вдишуваше шумскиот воздух.
Надвор ја заплисна свежиот утрински воздух.
2.
Отворен, слободен простор, природа.
Англиски:
space
Поседи на воздухот и ќе ти помине.
Тебе ти треба воздух и сонце.
Појде на воздух.
Изрази
Виси во воздух - не е сигурен во нешто.
Ѕида кули во воздух - се занесува, се залажува, фантазира.
Нема воздух - се задушува.