втор
втора
Вид збор: Број
Ранг: 309
1.
Што е по ред зад првиот, редна бројна придавка според бројот два.
Примери:
Втора светска војна
втор брат
втор дел
второ издание
втор ред
втор чин
Спротивно од:
прв (прид.)
2.
Што се разликува од претходниот.
Примери:
втор живот
втора шанса
3.
Што не е главен, туку е веднаш зад главниот, што оди заедно со главниот, а е од помала важност.
Примери:
Беше повикана да му биде втора мајка.
втор братучед
Слично со:
спореден (прид.)
Изрази
Од втора рака - од посредник, несигурен извор.
Втора природа - вкоренета навика.
(црков.) Второ пришествие - страшен суд.
Изведенки
1.
втори бр.
2.
втор прид.
вториот
вториот
3.
второ прил.