а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

газ

мн. газови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2783
1. Заден дел од човековото тело меѓу половината и нозете.
Англиски: bottom Албански: prapanicë, vithe, bithë
Употреба: Анатомија , Разговорно
Примери:
Никој не се заврте назад, се чу како плесна шлаканица по голиот газ и детето уште повеќе вресна.
Таму веднаш го штипкаа за газот.
2. газалиште
Англиски: ford Албански: prapanicë
Употреба: Географија
Примери:
Преминуваше преку газот на реката.
Изрази
Лаком газ - алчен човек.
Мрзлив газ - мрзлив човек.
Гол газ - сиромашен човек.
Од газот (му) ѕирка празот - се претставува од повисок род, но не може да го сокрие селското потекло.
Изведенки
1. газе ср.
мн. газиња
дем.
2. газенце ср.
мн. газенциња
дем.
Пример: Мазно како газенце на бебе.
3. газиште ср.
мн. газишта
аугм.