гајтан
мн. гајтани
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 8558
1.
Сплетена врвка што се шие како украс по рабовите на облеката.
Примери:
Жената носеше шајачен елек чии рабови беа опшиени со црвен гајтан.
Слично со:
ширит (м.)
2.
Жица за приклучување на електричен апарат.
Англиски:
cord
Албански:
gajtan, kordë
Микрофонот беше на долг гајтан.
Слично со:
кабел (м.)
Изрази
(нар. поез.) Гајтан веѓи - убави веѓи.
Изведенки
гајтанче ср.
мн. гајтанчиња
дем.
мн. гајтанчиња
дем.