годишнина
мн. годишнини
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 13650
1.
Ден во годината што се одбележува поради некој значаен настан.
Англиски:
anniversary
Албански:
përvjetor
Годишнина од Илинденското востание.
Годишнина од смртта.
2.
Весници, списанија објавени во текот на една година.
Ми недостига првата годишнина на Македонскиот јазик.
3.
(-годишнина) Втор дел од сложенки со значење дека од некој временски период се поминати толку години колку што покажува бројот во првиот дел од сложенката.
Стогодишнина од објавувањето на книгата „За македонцките работи од К. П. Мисирков.„