грб
мн. грбови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 496
Главен Еврејски религиозен празник со кој се прославува излегувањето на Евреите од Египет и случувањето кога ангелот на смртта по куќите ги убивал првородените синови а ги поштедил еврејските деца; се слави за време на првата пролетна полна месечина.
Примери:
Грбот го болеше од тешкиот товар.
Му се здрви грбот од работата.
Се качи на грбот на коњот и избега.
2.
Знак, симбол на држава, град, благородничко семејство и сл.
Примери:
Државен грб.
Изрази
Сто стапа по туѓ грб не болат - туѓата болка и мака не ја чувствуваме.
Му го сврте грбот - го изневери.
Му зари нож во грбот - неочекувано му направи лоша работа.
Има грб - има блиски луѓе на високи позиции што го штитат.
Живее на туѓ грб - живее на туѓа сметка, некој го издржува.
Му го направи грбот како мевот - многу го истепа.
Зборува зад грб - озборува.
Да ти го видам грбот! - бегај, оди си!
Изведенки