а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

гребен

мн. гребени
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 11381
1. Горен дел од планина, рид и сл.
Англиски: crest Албански: kreshtë
Употреба: Географија
Примери:
Се качувавме по гребенот на Караџица.
2. Карпа во вода.
Англиски: reef Албански: shkëmb
Употреба: Геологија
Примери:
Бродот се насука на гребенот.
3. Највисоко место меѓу плешките кај животните, најистакнати прешлени.
Англиски: hump Албански: krep
Употреба: Зоологија
Примери:
Овците за месо имаат широк гребен, а овците за волна имаат висок и тесен.
4. (мн. гребни) Алатка со железни запци за чешлање, влачење на волна, лен и сл.
Англиски: comb Албански: krehër