греда
мн. греди
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2542
1.
Долго, дебело и право дрво што се користи за градба.
Примери:
Вертикалните рамки на отворот од вратата биле составени од ќошиња до кои се допирале дабови греди.
2.
Спортска направа за вежбање гимнастика, направена од долго, дебело и право дрво со ногалки.
Примери:
Учениците кога скокаат од гредата, треба да скокаат лесно, напрсти.
Изрази
Кожата на греди - нема спас од некоја тешка ситуација.
Греда во окото (очите) (на некого) - преувеличување на нечии негативни особини, постапки.
Греда во окото (очите) (на некого) - голема пречка.
Не ја гледа гредата, ја гледа иглата - ги гледа ситните недостатоци, а не крупните.
Изведенки
гредичка ж.
мн. гредички
дем.
мн. гредички
дем.