дедо
мн. дедовци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 192
1.
Татко на еден од родителите.
Англиски:
grandfather
Албански:
gjysh
Тој беше плукнат дедо му.
Го замоли деда си да му каже приказна.
2.
Татко на жената, на сопругата, во однос на зетот.
Англиски:
father-in-law
Дедото и зетот беа задоволни од постигнатиот успех.
Тој не беше во добри односи со родителите на својата жена, особено со дедото.
3.
Стар човек, старец.
Англиски:
old man
Стариот дедо Трајко ја отвори портата.
Од црквата излегоа момчиња, девојки, баби, дедовци.
4.
предок
Англиски:
ancestor
Тоа е завет на нашите дедовци.
Тој ги остави коските далеку од гробот на своите дедовци.
5.
(само едн.) При обраќање или именување свештено лице или Господ.
Примери:
Добре дојде, дедо попе!
Застудува, дедо владико.
Чекаа да фрли дедо Господ некое облаче пред жешкото сонце.
Изрази
Дедо Мраз - личност од приказните, старец со бела брада и мустаќи, со црвена бунда и ќулавка што дели подароци за Нова година.
Од дедо Ное - од дедо-прадедо - од памтивек, од најстари времиња.
Изведенки