а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

див

диви
Вид збор: Придавка
Ранг: 1152
1. За животно - што живее слободно во природата, што не е припитомен.
Англиски: wild Албански: i egër
Примери:
диви животни
дива свиња
див зајак
2. За растение - што не е калемено.
Англиски: wild Албански: e egër
Примери:
див костен
диви круши
3. За место - што е необработено, ненаселено, пусто.
Англиски: deserted Албански: vend i egër, i shkretë
Примери:
диви предели
дива област
диво место
4. Обично за пат, патека за локална употреба, незабележан(а) на карта.
Примери:
дива козја патека
див пат
5. Што живее на најнискиот општествен поредок.
Англиски: savage Албански: i egër
Примери:
диво племе
див варварин
6. За човек - што е плашлив, некомуникативен, асоцијален.
Англиски: strange Албански: i egër
Примери:
див човек
див сосед
диво дете
7. незаконски, недозволен
Англиски: illegal Албански: i paligjshëm
Употреба: Правда
Примери:
дива градба
див брак
8. израсток на тело
Употреба: Медицина
Примери:
диво месо
Изрази
Дојдоа дивите ги истераа питомите - насилно зазема нечие место.
Изведенки
диво прил.
Пример: Зурли штом диво ќе писнат...