а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

добро

мн. добра
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 3285
1. Сѐ што е убаво, вредно од морална гледна точка; нешто што е корисно за човекот.
Англиски: good Албански: mirë
Примери:
Тука се јавува вечната борба меѓу доброто и злото.
Доброто е за во срцето, лошото на нож треба да се дочека.
2. Нешто што е извршено во полза на другите; добро дело.
Англиски: good Албански: mirë
Примери:
На доброто што ни го стори не требаше така да постапиш.
3. Благосостојба, безгрижен, среќен живот.
Англиски: prosperity Албански: mirëqenie
Примери:
Никогаш не плачеше како другите девојки и секому му сакаше добро.
Тој се бори за нивно добро, за нивното ослободување.
4. Културно и материјално богатство.
Англиски: wealth Албански: pasuri
Примери:
Тогаш доаѓа до прераспределба на материјалните добра.
општонародно, јавно добро
5. Во обраќање.
Примери:
Ајде, добро мое!
Изрази
Дели со некого добро и зло - постојано е заедно со некого.
За кое добро? - зошто дојдовте; што има ново?
Дал ти Бог добро - поздрав.