договор
мн. договори
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 546
1.
Постигната согласност, писмена или усна, помеѓу две или повеќе страни за нивните меѓусебни односи, права и задолженија.
Примери:
Денес мораме да потпишеме договор и да ја уплатиме првата рата.
Колективен договор.
Општествен договор.
Слично со:
спогодба (ж.)
2.
Советување, разговор за донесување заеднички одлуки.
Англиски:
discussion
Во оваа тивка ноќ се собравме како браќа и луѓе на договор.
3.
Заедничка одлука донесена по некој разговор.
Англиски:
agreement
Телефонскиот договор за средба и интервју беше мошне кус и ефикасен.
Изрази
Договор за дело - двостран договор за извршување и плаќање на определена работа.