а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

договори

договорат; договорил; договоривме; договорија; (ќе) договоревме; (ќе) договореше
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2350
1. Постигне договор; закаже, организира (средба, состанок).
Англиски: arrange Албански: aranzhon
Примери:
Ја договорил продажбата на куќата.
Таа ја договори нивната средба за утре.
Секретарката ги договори сите состаноци со странките.
2. (се договори) Се спогоди, постигне договор.
Англиски: agree Албански: marrëveshje
Примери:
Се договорив за цената на станот.
Не можат да се соберат дома, да се договорат.
И двете страни се договорија за условите под кои ќе се изврши размената.