а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

долета

долетаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5441
1. Дојде, стигне со летање.
Англиски: fly in Албански: mbërrij
Примери:
Една пчела долета низ прозорецот.
Долетаа големи јата птици.
2. Дојде од некаде, се појави, се слушне нешто.
Англиски: appear Албански: arrij
Употреба: Преносно значење
Примери:
Од ходникот долета врескање.
До неговите уши долета јасен човечки вик.
Со него долета и радоста во куќата.
3. Дојде, стигне брзо, веднаш.
Англиски: arrive Албански: arrij
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во селото долета на коњ еден човек.
На крилат коњ долетал чуден јунак.
Изведенки
1. долетува несв.
долетуваат
2. долетување ср.
глаг. им.