досети
(се) досетат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6720
1.
Сфати, погоди, одгатне нешто, ја открие смислата или значењето на нешто.
Примери:
Се плашеше да не се досетат што наумил.
Луѓето се досетија кој е тој ќелав селанец.
Се обидуваше да се досети за што зборуваше татко му.
Слично со:
сфати (св.)
2.
Се сети отпосле, се присети на нешто подзаборавено по извесен напор на сеќавањето.
Примери:
Сакаше да се досети за нешто важно.
Како да се досети за нешто, па се врати назад.
Изведенки