едно
Види и:
едно (прил.)
Вид збор: Сврзник
Ранг: 19709
1.
Со глагол – веднаш по глаголското дејство
Царот, едно узнал за нивната дружба, пратил да ги доведат.
И тој, едно ги зеде картите в раце, се замисли.
Слично со:
штом (сврз.)
2.
Со глаголска именка – веднаш по дејството што го означува се случува и дејството означено со глагол.
Едно пречекорување, нагазил на мина.
Едно доаѓање дома, и кажале кој ја барал.