а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

еднореден

едноредниот
Вид збор: Придавка
Што е во еден ред.
Англиски: single-row
Примери:
Таа заминува на одмор и со себе понесе едноредно венче со мали ружи во розева боја.
Класичниот темен костум со едноредно закопчување во комбинација со бела кошула и лакирани чевли се носи во свечени пригоди.
Изрази
Еднореден костум - што се закопчува со само еден ред копчиња.