електронски
електронска
Вид збор: Придавка
Ранг: 2799
Што има својство за практична примена на атомите и на процесите што се јавуваат во електромагнетните полиња.
Примери:
електронски систем
електронска пошта
електронска машина
електронска брава
електронска цевка
Изрази
Електронска пошта - пошта испратена со помош на електронски комуникации преку компјутерска мрежа.
Електронски микроскоп - микроскоп кој работи со сноп од електрони што се соединуваат во фокус со помош на електрично или на магнетно поле.
Електронски сноп - сноп составен од електрони.
Електронска музика - музика добиена по електроакустичен пат.