жал
мн. жалови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 3542
1.
Тага, мака, душевна болка.
Примери:
Само една тешка жал ме налегнала.
Таа знае колку и какви маки и жалови истрга.
2.
сочувство, сожалување
Примери:
Жал ми е за тебе.
Ми падна жал за неа.
Ни стана жал.
За жал - жалам, жално е што е така.
За жал, тој не дојде.
Дискусијата, за жал, не беше приложена во Зборникот.
Слично со:
сочувство (ср.)
Изведенки
жал ж.
жалта
жалта