живот
мн. животи
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 53
1.
(едн.) Биолошки облик на постоење и движење на материјата, настанат на определена етапа од нејзиниот развој.
Примери:
Појава на животот на Земјата.
Облици на живот на нашата планета.
2.
(едн.) Физиолошка состојба на живите организми од раѓањето до смртта (често во затврдени изрази со глаголите: даде, положи, одземе, изгуби).
Англиски:
life
Тој го даде својот живот за слободата на Македонија.
Даваше знаци на живот.
Го изгубил животот во сообраќајна несреќа.
Спротивно од:
смрт (ж.)
3.
(едн.) Израз на физичка и духовна сила, животност, живост.
Англиски:
life
Тој беше полн со живот.
Слично со:
енергија (ж.)
4.
(едн.) Начин на живеење, постоење, врзан за определени услови, обичаи и сл.
Англиски:
lifestyle
градски живот
бурен живот
скап живот
евтин живот
кучешки живот
6.
Животен пат, тек, важни животни случки на некој човек.
Англиски:
biography
живот и дело
животот на писателот
Слично со:
биографија (ж.)
7.
(едн.) Организација, начин на постоење и дејствување на некој систем.
Англиски:
life
животот на државата
животот на армијата
животот на природата
8.
(едн.) Дејствување на човекот и на општествената заедница во некоја област.
Англиски:
activity
политички живот
културен живот
семеен живот
музички живот
Слично со:
дејствување (ср.)
9.
(едн.) Реалниот свет во којшто суштествува човекот.
Англиски:
real life
секојдневен живот
Се пробива во животот.
Судир со животот.
Се учи од животот.
Слично со:
реалност (ж.)
Изрази
Борба на живот и смрт - беспоштедна, жестока борба; решавачка борба.
Вечен (задгробен) живот - живот по смртта.
Гол живот - бедно одржување во живот.
Даде живот (за некого, за нешто) - загине, се жртвува.
Животот си го стави на коцка - се изложи на голем ризик.
Линија на животот - линија на дланката од која се чита должината на животот.
Подари живот (некому) - го помилува, не го уби.
Ако ти е мил животот - како предупредување дека некоја постапка може да се плати со животот.
Изведенки
животец м.
(едн.)
дем. ирон.
Пример: Си го гледа животецот.
(едн.)
дем. ирон.
Пример: Си го гледа животецот.