забележи
забележат; забележи, забележете; забележив, забележија, забележав, забележа, забележаа, забележил, забележал, забележале; забележен, забележан; забеле ...
забележат; забележи, забележете; забележив, забележија, забележав, забележа, забележаа, забележил, забележал, забележале; забележен, забележан; забележев, забележеа; забележел
+ повеќе
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 311
1.
Запише нешто.
Примери:
Зеде хартија да забележи неколку збора.
Записничарот не го забележал целосно моето искажување.
Слично со:
запише (св.)
2.
Види, здогледа некого или нешто.
Примери:
Цариниците забележале оти камионот бил отворен.
Тој го забележи човекот што се спушташе по сртот.
Bо темната ноќ ништо не можеа да забележат.
Се трудев меѓу присутните да забележам познати лица.
Слично со:
здогледа (св.)
3.
Сфати, согледа нешто, стане свесен за нешто.
Примери:
Тој не ги забележил промените околу себе.
Не забележа колку време е поминато.
Офицерите ја забележаа неговата збунетост.
Слично со:
сфати (св.)
4.
Постигне, оствари нешто.
Примери:
Од оваа позиција му зависи дали ќе го забележи саканиот успех или не.
Лани нашата фирма забележа добри финансиски резултати.
Домашната екипа забележа победа без поголеми напори.
Слично со:
постигне (св.)
5.
Приговори, изрази неодобрување.
Англиски:
object
Албански:
bëj vërejtje
Можам да правам што сакам и нема никој да ми забележи.
Не можеш да му забележиш што го сторил тоа.
Таа му забележа што не се сети на нејзиното име.
Слично со:
приговори (св.)
6.
Истакне, одбележи нешто.
Примери:
Како најважен факт во неговата биографија треба да го забележиме неговото заминување во Русија.
Таа сцена можеме да ја забележиме како најдобра во целата изведба.
Да преминеме кон прашањето што погоре го забележавме.
Слично со:
истакне (св.)
7.
Искаже, додаде уште нешто при зборувањето.
Примери:
Ниту го велам тоа, ниту го мислам - забележа тој.
Попусто го напаѓаш - без злоба забележа таа.
Никој не знае дека сум овдека - мирно забележи тој.
Слично со:
додаде (св.)
Изведенки
1.
забележува несв.
забележуваат
забележуваат
2.
забележување ср.
глаг. им.
глаг. им.