а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

забележлив

забележливиот
Вид збор: Придавка
Ранг: 9344
1. Што може да се види, да се забележи.
Англиски: noticeable
Примери:
забележлив одблесок, забележливо движење
2. Што остава впечаток, што се изделува, што се разликува по нешто.
Англиски: significant
Примери:
Тој беше жив човек, духовит забележлив.
Во неговата љубезност имаше одвај забележлив звук на презир.
Го правеше тоа со забележлива скромност.
Изведенки
1. забележливо прил.
Пример: Полека и одвај забележливо и се појави црвенило на образите.
2. забележливост ж.