а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заблажи

заблажат; заблажен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 22153
1. Направи нешто да биде благо, слатко.
Англиски: sweeten Албански: ëmbëlsoj
Употреба: Гастрономија
Примери:
Го заблажи чајот со мед.
2. (се заблажи) Касне нешто благо, слатко; се облажи.
Англиски: have a dessert Албански: ëmbëlsohem
Употреба: Гастрономија
Примери:
Се излутија со пиперките, па се заблажија со патлиџан.
3. (се заблажи) Стане добро, убаво; се подобри.
Англиски: mellow Албански: ma kënda, këndshëm
Употреба: Преносно значење
Примери:
Му се заблажил разговорот со чорбаџијата.
Попладнето ветерот стивна, времето се заблажи.
4. (се заблажи) Почне да мрси.
Албански: ngopem
Употреба: Дијалектен збор , Црковен термин
Примери:
Уште траеја постите, а тој веќе се заблажи.
Изведенки
1. заблажува несв.
(се) заблажуваат
2. заблажување ср.
глаг. им.