завеса
мн. завеси
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2555
1.
Покривка за прозорец која служи за заштита од сонце, од туѓи погледи и сл.
Примери:
бели завеси
кратки завеси
Слично со:
перде (ср.)
2.
Големо платно што ја одделува сцената од салонот со публика во театар.
Примери:
Завесата е крената и целата сцена е отворена.
3.
Секој вид преграда од ткаенина обесена над врата и сл.
Примери:
Црвените сатенски завеси беа долги до подот.
4.
покривка, покривач, преграда
Примери:
Дождот лееше од покривот и создаваше сребреста завеса над вратата.
Hа неколку чекори од него висеше непроѕирната завеса на ноќта.
Слично со:
преграда (ж.)
Изрази
Железна завеса - (истор.) затвореност на границите меѓу капиталистичкиот и социјалистичкиот свет по Втората светска војна.
Димна завеса - (воен.) вештачка магла, облаци од вештачки дим, чад како заштита од непријателот.
Изведенки
завесичка ж.
мн. завесички
дем.
мн. завесички
дем.