загатка
мн. загатки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 4218
1.
Исказ или прашање што треба да се реши.
Примери:
Се изненади кога го чу решението на загатката.
На крајот, во форма на загатка, е дадено името на авторот.
Спротивно од:
одгатка (ж.)
2.
Нерешен проблем, појава што е тешко да се објасни, да се сфати.
Англиски:
mystery
Албански:
mister, e fsheht
Многу прашања од неговиот живот и натаму остануваат загатка.
Во третиот чин на драмата се одгатнуваат многу загатки.