а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заобиколи

заобиколат; заобиколил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5950
1. Се постави околу некого или околу нешто.
Англиски: encircle Албански: vij përqark, rrethoj
Примери:
Коњаниците го беа заобиколиле во тесен круг.
Тие го заобиколија да не може да избега.
2. Помине, заврти околу нешто.
Англиски: surround Албански: rrethoj, përqarkoj
Примери:
Тој ја заобиколи масата и се доближи до неа.
3. Помине по околен пат.
Англиски: bypass Албански: kapërcej, marr rrugë anësore
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој го заобиколи селото и дојде до езерото.
Баравме пат да го заобиколиме изворот на реката.
4. Избегне, изостави некого или нешто.
Англиски: circumvent Албански: shmangem
Примери:
Сите ги поканија, само него го заобиколија.
Тој ја заобиколи вистината.
Авторот не заобиколил ништо во својот напис.
Изведенки
1. заобиколува несв.
заобиколуваат
2. заобиколување ср.
мн. заобиколувања
глаг. им.
Пример: Раскажете ни направо, без заобиколувања.