заобиколи
заобиколат; заобиколил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5950
1.
Се постави околу некого или околу нешто.
Англиски:
encircle
Албански:
vij përqark, rrethoj
Коњаниците го беа заобиколиле во тесен круг.
Тие го заобиколија да не може да избега.
Слично со:
опколи (св.)
2.
Помине, заврти околу нешто.
Англиски:
surround
Албански:
rrethoj, përqarkoj
Тој ја заобиколи масата и се доближи до неа.
Слично со:
заврти (св.)
3.
Помине по околен пат.
Примери:
Тој го заобиколи селото и дојде до езерото.
Баравме пат да го заобиколиме изворот на реката.
4.
Избегне, изостави некого или нешто.
Англиски:
circumvent
Албански:
shmangem
Сите ги поканија, само него го заобиколија.
Тој ја заобиколи вистината.
Авторот не заобиколил ништо во својот напис.
Слично со:
изостави (св.)
Изведенки
1.
заобиколува несв.
заобиколуваат
заобиколуваат
2.
заобиколување ср.
мн. заобиколувања
глаг. им.
Пример: Раскажете ни направо, без заобиколувања.
мн. заобиколувања
глаг. им.
Пример: Раскажете ни направо, без заобиколувања.