а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заоди

заодат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 10394
1. Почне да оди.
Англиски: walk Албански: filloj të ec
Примери:
Луѓето полека заодија кон црквата.
Скокна преку ѕитчето и заоди низ пченката.
2. Почне да скита.
Англиски: stroll Албански: filloj të endet
Примери:
Тој заоди низ туѓи земји и назад не се врати.
3. За дете - почне за првпат да оди.
Албански: filloj të ec
Примери:
Детето заоди пред да наполни година.
4. Почне редовно да оди некаде, да посетува нешто (училиште, курс).
Англиски: attend Албански: vizitoj, ndjek
Примери:
Кога тој си замина, јас заодив на школо.
Изведенки
1. заодува несв.
заодуваат
2. заодување ср.
глаг. им.