заостане
заостанат; заостани, заостанете; заостанав, заостанаа; заостанал; заостанат; заостанев, заостанаа; заостанел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 16690
1.
Остане назад, зад некого, при движење.
Англиски:
fall back
Албански:
mbetem pas
Тој падна и заостана зад другите што трчаа напред.
2.
Остане назад во својот развој, не е на исто ниво, степен и сл. со некој или со нешто.
Англиски:
fall behind
Албански:
mbetem pas
Народот бил беден и заостанал во секој поглед.
По убавина заостанува зад другите ергени.
Изведенки
1.
заостанува несв.
заостануваат
заостануваат
2.
заостанување ср.
мн. заостанувања
глаг. им.
Пример: Колоната се движеше бавно поради честите заостанувања.
мн. заостанувања
глаг. им.
Пример: Колоната се движеше бавно поради честите заостанувања.