заплиска
Види и:
плиска (несв.)
заплискаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 26928
1.
Почне да плиска со течност, обично со вода.
Примери:
Го заплискаа со вода за да се освести.
Слично со:
запрска (св.)
2.
За бран - почне да плиска допирајќи нешто.
Примери:
Брановите ми ги заплискаа нозете.
3.
(само во 3. л.) За дожд - почне да плиска, да истура.
Примери:
Надвор заплиска дожд.
4.
Осети некаква дразба.
Примери:
Тој ја заплиска со мирис на пот.
Го заплиска свеж утрински воздух.
5.
(се заплиска) Почне да се плиска, да се прска со вода себеси или еден со друг.
Примери:
Тој се заплиска со студена вода.
Децата се заплискаа со вода.
Изведенки
1.
заплискува несв.
(се) заплискуваат
(се) заплискуваат
2.
заплискување ср.
глаг. им.
глаг. им.