засече
Види и:
сече (несв.)
засечат; засечи, засечете; засеков, засекоа; засекол, засекле; засечев, засечеа; засечел; засечен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 10650
1.
Сече малку, во помала мера.
Примери:
Тој го засече јажето.
Со едно ноже го засече месото.
2.
Направи засек.
Примери:
Во стеблото на буката го засече своето име.
3.
Направи рана.
Примери:
Едно гранче го засече во вратот.
Тенкиот федер го засече во прстот.
Слично со:
рани (св.)
Изведенки
1.
засечува несв.
засечуваат
засечуваат
2.
засечување ср.
глаг. им.
глаг. им.