засипе
засипат; засипи, засипете; засипав, засипаа; засипал; засипан; засипев, засипеа; засипел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 25963
2.
Исполни, покрие, затрупа некаква површина, вдлабнатина со нешто.
Примери:
Селаните ја засипаа реката со камења и направија мала брана.
Тој ја засипа дупката со земја.
Слично со:
затрупа (св.)
3.
Фрли наеднаш нешто во големо количество.
Примери:
Непријателот го засипа градот со топовски гранати.
Децата го засипаа кучето со камења.
Слично со:
бомбардира (св. и несв.)
4.
Постави, упати некому едно по друго прашања, зборови и сл.
Примери:
Таа ја засипа девојката со клетви.
Тој го засипал детето со прашања.
5.
Даде, испрати некому нешто во големо количество.
Примери:
Тој ја засипа девојката со злато.
Го засипаа со писма од секаде.
6.
(се засипе, повр.) се затрупа, се покрие
Англиски:
fill
Албански:
mbush, plotësoj
Тој се засипа до половината во песок.
Изведенки
1.
засипува несв.
(се) засипуваат
(се) засипуваат
2.
засипување ср.
глаг. им.
глаг. им.