засука
засукаат; засукал, засукале; засукан
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 10186
1.
Почне да сука тесто.
Примери:
Таа засука кора за баница.
2.
За конец, жица - уврти повеќе конци, жици во едно.
Примери:
Таа го засука малку конецот пред да го вдене во иглата.
3.
За мустаќи - свитка, завитка.
Примери:
Старецот ги засука мустаќите и погледна во нас.
Слично со:
завитка (св.)
4.
Подигне, подвитка, заврати дел од облеката.
Примери:
Жената ги засука ракавите и почна да мие садови.
Ние треба да си ги засукаме ракавите и да си ги спроведеме реформите.
Слично со:
подвитка (св.)
5.
(се засука) Заврати себеси дел од облеката.
Примери:
Тој се засука до коленици и влезе во вода.
Изрази
Ги засука ракавите - се фати за работа.
Изведенки